Ѓубрење по Култури - ЖИТНИ КУЛТУРИ
ЖИТНИ КУЛТУРИ
Соодветно ѓубрeње со најмалку трошоци

Новите разновидни семиња на зимските житни култури (пченица, јачмен) кои се користат денеска, се карактеристични за високото производство за кој се потребни,поволни климатски услови и погодна почва, како и соодветна комбинација на хранливи состојки (елементи) на ѓубрење. Поконкретно за постигнување на големо производство, по правило потребно е, како прво, јако азотно ѓубрење и второ фосфорно ѓубрење.Спротивно потребите на почвата на житните култури за додавање на калиум и други хранливи материи се многу ретки и ограничени.


Потреби од хранливи елементи за житните култури (килограми) декар)
АЗОТ (Ν)ФОСФОР (Ρ2Ο5)КАЛИУМ (Κ2Ο)
8-164-80-4


Предлози за ѓубрење

Потребите за ѓубрење на житните култури се покриваат со соодветна комбинација на амониум фосфат (со потребниот сооднос азот - фосфор), и најмалку 2 дози на површинско ѓубриво, односно амониум нитрат, или калциум амониум нитрат. Во секој случај анализата на почвата заедно со познавање на условите за секој регион, претставуваат најдобар индикатор за ѓубрење.Во многу региони во земјата, како во западна и централна Македонија, нивите каде се сее жито се кисели (имаат ниска PH) и им требаат алкални ѓубрива, како што е ОКСИФЕРТ и амониум нитрат.Согласно законот за Правилна Земјоделска Практика на Министерството за Земјоделство, главното ѓубрење со азот на зимските житни култури, не треба да е повеќе од 5 килограми азот по декар, поради заштита на околината, додека површинското ѓубрење со азот може да биде и до 11 килограми по декар, поделен најмалку на 2 дози.



Основно ѓубрење
Тип на ѓубривотоДозирање(Кг./декар)Опис
ОКСИФЕРТ (15-13-0-(14)+11CaO+2MgO)35Одлично за кисели почви, многу збогатено со калциум. Бавно ослободување на фосфор.
ОКСИНАЛ (12-12-0-(11)+10CaO+8MgO)40-45Сооднос N/Ρ205=1/1 за подобрување на кисели почви.
ОКСИНАЛ (12-12-0+28% S03)40-45СоодносN/Ρ205=1/1 за подобрување на алкални почви.
ТЕИОФОС 8 (18-8-0-(10))30
Сулфурен амониум нитрат (20-10-0-(11))25Сооднос Ν/Ρ205=2/1, нормален тип.
Сулфурен амониум нитрат (22-11-0-(12))Μέχρι 25Сооднос Ν/Ρ205=2/1, среден тип
Сулфурен амониум нитрат (16-20-0-(13))30-35Сооднос Ν/Ρ205=0,8/1 за почви со малку фосфор
Забелешка: Други разни слични типови погодни за специјални услови се произведуваат по нарачка ( на пример. 25-10-0,19-9-0,20-20-0,10-20-0,21-9-0 +11Cao и друго.
Површинско ѓубрење
АМОНИУМ НИТРАТ (33,5-0-0 ή 34,5-0-0+0,5 MgO)15-25За  неутрални почви и почви со калциум
КАЛЦИУМ АМОНИУМ НИТРАТ (26-0-0 και 27-0-0)20-30За кисели почви, а исто така за нормални почви, кога треба брзо дејство
НИТРОКАН ЕКСТРА Mg (27-0-0+4MgO+0,2B)20-30Богат извор, брза асимилација на азотен нитрат и магнезиум


Предлагаме соодветно ѓубрење за задоволително производство, со помалку трошоци