Ѓубрење по Култури - ТУТУН
ТУТУН
Поплодна  почва за  поголемо производство

Потребите од прехранување на тутунот се разликуваат суштински, зависно од сортата.За ориенталните сорти тутун потребите за прихранување се помали, за сортата вирџинија потребите се на средно ниво, додека за сортата берлеј потребите  се многу поголеми и исцрпливи за почвата.За тутунот азотот претставува  главен хранлив  фактор, фосфорот придонесува за зголемување на производството и за  зреење во ран период, а калиумот претставува главен фактор за квалитетот на производот.   Потребите од ѓубрење многу  зависат од плодноста и останатите услови  на почвата, додека анализата на почвата претставува потребен инструмент за креирање на  една правилна програма за ѓубрење.Како индикативни потреби се спомнуваат  следните :


Потреби на тутунот од хранливи елементи
СОРТИ АЗОТ (Ν) ФОСФОР (Ρ205) КАЛИУМ (Κ2Ο)
Источен тип 2-4 6-8 8-12
Вирџинија основно  ѓубрење 3-7 8-14 15-22
Вирџинија површинско ѓубрење 2-3 8-14 15-22
Берлеј основно (главно) ѓубрење  10-14 12-16 20-35
Берлеј површинско ѓубрење 4-6 12-16 20-35

Кај тутунот од источен тип не се предлага додавање на површински азот, бидејќи го намалува квалитетот на производот.Чести се потребите од додавање на  магнезиум  за западните сорти кај кисели почви, како и  кај неутрални песочни почви. Кај  овие сорти на тутунот, посебно кај органските почви, а ретко кај песокливите, се појавува и недостаток на бор.Во тој случај потребите треба да се задоволуваат со основното ѓубрење.

 


Предлози за ѓубрење

Цел на една правилна  програма за ѓубрење на тутунот, не е зголемено производство, но обемот на производство, кое обезбедува одличен квалитет.Треба посебно внимание, при  третманнот на азот.Снабдувањето на културата со азот во првите стадиуми треба да биде на доволно ниво и да не ги надминува потребите.  Нивото на снабдувањето треба да се намалува  кога се приближува периодот на  берба.
 ЕЛФЕ му  ги предлага на производителот,  за да има можност за  избор,  следните типови на ѓубрива, кои даваат правилни решенија за ѓубрење.



Основно ѓубрење
Тип на ѓубриво Дозирање (Кг./декар) Забелешки
БЛЕСТАР ЕКСТРА         (12-12-17-(13)+2MgO+МЕ.) 60-120 Поради различните  потреби на разни сорти на тутун, дозирањето се движи на  високи граници.
КОМПЛЕФЕРТ (10-10-20-(15)+4MgO+МЕ.) 60-120
ПОЛИВОР (12-12-18-(12)+0,5Β+МЕ.) 60-120
ПОЛИВОР                         (12-12-18-(12)+0,5Β+МЕ.) 50-100
8-16-24-(12) 50-80
Површинско ѓубрење
ФЕРТАМОН 25 (25-0-0-(16)) 20-50
АМОНИУМ НИТРАТ   (33,5-0-0) 15-40
КАЛЦИУМ АМОНИУМ НИТРАТ (26-0-0) 20-50
ТИОГРАН ЕКСТРА  (20,5-0-0-(18)) 25-60
НИТРОКАН (27-0-0+4MgO+0,2B) 20-50
Предлагаме ѓубрење на почвата со соодветното ѓубриво, за поголемо производство