АГРОЕФОДИА - МОЌТА НА ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ - AGROEFODIA - THE POWER OF THE FARMER
Цврстина и висок кавлитет

Внимателно комбинирани селектирани суровини со вистинска технологија е единствениот начин да се произведе цврста и високо квалитетна покривка за оранжерија.

Daios Plastics S.A.

sample

Полиетилентската фолија која АГРОЕФОДИЈА ја нуди е од најголемиот производител во Р.Грција ДАИОС ПЛАСТИКС отпорна на лошите и негативни влијанија.

  • •Високо квалитетни полиетиленски платна.
  • •Специјализирани и патентирани полиетиленски платна.
  • •Полиетиленски платна за индустриска и општа употреба.
  • •Полиетиленско платно за сушење Тутун.
  • •Термофилни полиетиленски платна за лубеници,дињи, домати.
  • •Црни полиетиленски платна за лубеници,дињи, домати.

Заштита од УВ зрачење

Сончевите зраци, односно УВ зрачењњето е еден од негативните фактори кои влијаат и доведуваат до оштетување на полиетиленската покривка.Затоа при изработката на полиетиленските платна се додаваат анти оксидантни адитиви со цел да се заштити покривката од штетните сончеви зрачења.

Дифузија на светлост

Карактеристика на овој вид полиетиленски платна е тоа што кога сончевите зраци поминуваат низ него, се распоредуваат еднакво. На тој начин се намалуваат засенетите места во оранжеријата, со што се зголемува фотосинтезата кај растенијата.

Против замаглување

Во раните утрински часови или по зајдисонце и како резултат од испарувањата на почвата и растенијата се ствара замаглување на оранжеријата. Овој тип на полиетиленски платна го инхибира односно го намалува формирањето на магла.

Против прокапување

Поради високите температури и како резултат на испарувањето на почвата и растенијата, внатре во оранжеријата се создава роса на внатрешната страна од полиетиленската покривка. Капките роса предизвикуваат ширење на болести кај растенијата, а исто така го намалуваат продирањето на светлината во ораншжеријата. Овој вид на полиетиленски платна заштитува од паѓање на капките врз растенијата. Со тоа потребата од пестициди ќе биде намалена а ппродирањето на светлината ќе биде поголема за 15%.