Ѓубрење по Култури - ПЧЕНКА
ПЧЕНКА
Висока продуктивност со најмалку трошоци

Пченката е пријател на топлината со висока продуктивност и подобро расте на температура од  21-27 Co. Претпочита длабоки почви што ја задржуваат влажноста, со неутрална и малку алкална pΗ и бара многу наводнување. Пченката го апсорбира азотот во многу големи количини, кои зависат и од  обемот на производството. Ако се земе во предвид и неизбежното губење на оваа хранлива состојка од почвата,  производство на пченка од 1000 кг/декар,бара додавање на над  25 кг/декар, дури и во ниви со добра плодност. Апсорбирањето на азотот се одвива постојано низ целиот период на развојот, а посебно при оформувањето на реските.Пченката  бара многу фосфор и  калиум дури и во почви богати со хранливи состојки  потребно е ѓубрење со  фосфор. Пченката е посебно чувстителна на недостаток на цинк. Недостатокот од  прехранување претставува честа појава и предизвикува сериозно намалување на производството.Поради тоа се предлага превентивна примена на цинк заедно со главното ѓубрење.


Потреба од хранливи сотојки за пченката ( кг/декар)
ΑЗОТ (Ν)ФОСФОР (Ρ2Ο5)КАЛИУМ (Κ2Ο)
20-306-124-8

Предлози за ѓубрење

Повеќе од половина количина на азот и на фосфор, како и 80 % на калиум треба да се апсорбира од растението пред расцветувањето и е  потребно, овие состојки да се присутни низ целиот период  на растењето.Фосфорот и калиумот се додаваат заедно со главното ѓубрење, додека за азотот, половина количина се додава  со главното ѓубрење и останатата половина со површинското, кога пченката  има висина од 60 до 80 см. За подобри резултати се претпочита смеса од  азотен амониум и  амониум нитрат (ФЕРТАМОН)



Главно ѓубрење
Тип на ѓубриво Дозирање (кг/декар)
ФЕРТИКОРН (27-9-0-(4)+1,5Ζn)60-70
ФЕРТИКОРН со КАЛИУМ (26-7-5-(2,5)+1,5Ζn)60-70
НУТРИФЕРТ 18 (18-9-6-(11)+0,2Ζn)70-80
Сулфурен амониум фосфат (22-11-0-(12))70-80
Сулфурен амониум фосфат (20-10-0-(11))70-80
Површинско ѓубрење
ФЕРТАМОН 25 (25-0-0-(16))40-50
ФЕРТАМОН Ζn (24-0-0-(15)+1,5Ζn)40-50
АМОНИУМ НИТРАТ (33,5-0-0)30-40
КАЛЦИУМ АМОНИУМ НИТРАТ    (26-0-0)40-50
ТИОГРАН ЕКСТРА (20,5-0-0-(18))50-60
НИТРОКАН (27-0-0+4MgO+0,2B)40-50

Предлагаме идеално ѓубрење за голема продуктивност без многу трошоци