Ѓубрење по Култури - ПАМУК
ПАМУК
Високо производство со нови решенија за ѓубрење

Памукот иако не бара многу големи количини  на хранливи материи, има потреба од систематско ѓубрење, поради  обезбедување на задоволително производство и на добар квалитет на конците.Потребата од ѓубрење  се должи и на фактот дека, корениот систем на памукот е столбовиден,без добро искористување на  плодноста на почвата.Прво место кај ѓубрење на памукот зафаќа азотот, кој го зголемува развојот на  растението, производството на чаурата (плодот), тежината и квалитетот на семката.Но преголемото ѓубрење со азот во касен период, треба да се избегнува, бидејќи ја поттикнува  вегетацијата и се намалува растењето на плодот.Фосфорот ја зголемува тежината, содржината на маслото, протеините на  семката и квалитетот на конците.Калиумот  ја подобрува издржливоста и должината на конците и  придонесува на раното зреење. Исто така растенијата се поиздржливи за време на суша и на болести. Освен трите хранливи состојки, на кисели почви потребно е додавање на магнезиум.Памукот е доста чувстителен на  недостатокот на  микрохранливи елементи, на бор и на цинк, таков недостиг од  прехранување се среќава кај повеќе почви.


Потреба од хранливи состојки за памукот ( кг/декар)
АЗОТ (Ν)ФОСФОР (Ρ2Ο5)КАЛИУМ (Κ2Ο)
12-166-126-12



Предлози за ѓубрење

Додавањето на азот со соодветно  дозирање претставува правило.  Фосфорот и калиумот треба да учествуваат при ѓубрењето на памукот, дури и кога анализите на почвата покажуваат доволно количество на хранливи материи, за да не се намалува плодноста  на почвата. Збогатените комбинирани ѓубрива на ЕЛФЕ ги покриваат потребите од магнезиум, бор и цинк.Основното сложено ѓубриво се нафрлува рамномерно со соодветната машина и се соединува во длабочина од  8-10 см. Но еден дел (25 %) корисно е, да  се става линиски, на мало растојание од  семето, бидејќи придонесува за брзо никнување и за развој на растенијата во ран период. Површинското  азотно ѓубриво се применува по појавата на линиите, при вкрстувањето и пред расцветувањето.Потребна е влажност на почвата, за да  се избегнува губитокот  на амониумот.


ОСНОВНО ЃУБРЕЊЕ
Тип на ѓубриво Дозирање кг /декарЗабелешки
ФЕРТИКОТОН (18-8-8-(14)+2MgO +0,5Zn)50-70Содржи Ν, Ρ2O5 и Κ2O во сооднос, магнезиум и цинк 2/1/1
НИТРИФЕРТ- 18 (18-9-6-(11)+0,2Ζn) 50-70Содржи Ν, Ρ2O5 и Κ2O  во сооднос 3/1,5/1  и цинк.
20-10-10-(9) 40-60Содржи Ν, Ρ2O5 и Κ2O  во сооднос  2/1/1.
11-15-15-(14) 40-50Потребно е додавање на азот.
ОРГАНОФЕРТ 12 (12-12-12-(15)+10% Органски мат.)60-70За рамномерно ѓубрење Ν/Ρ2O5/Κ2O:1/1/1 со подобрена асимилација на хранливите материи и задржување на органската материја на почвата.
ОРГАНОФЕРТ 8 (8-10-14-(11) +15% Органски мат.) 60-70Голем извор на калиум, останати својства како претходното, но со подобрувачко влијание врз органска  материја на почвата.
ПОВРШИНСКО ЃУБРЕЊЕ
АМОНИУМ НИТРАТ  (33,5-0-0) 15-25За калциеви и неутрални почви точното дозирање зависи од плодноста.
АМОНИУМ НИТРАТ            (34,5-0-0 + 0,5 MgO) 15-25За калциеви  и неутрални почви точното дозирање зависи од плодноста
КАЛЦИУМ АМОНИУМ НИТРАТ (26-0-0) 20-30За кисели и неутрални почви. Погодно за примена во средно ран период
КАЛЦИУМ АМОНИУМ НИТРАТ  (27-0-0+ 0,5Mg)20-30За кисели и неутрални почви. Погодно за примена во средно ран период
ТИОГРАН ЕКСТРА  0,5-0-0-(18)) 30-40Само за примена во  многу ран период
НИТРОКАН (27-0-0+4MgO+0,2B) 20-30Богат извор брза асимилација на азотен нитрат и

Предлагаме  најсодржински решенија на ѓубрење, за  подобри резултати, поголемо производство  и подобар производ