Ѓубрење по Култури - МАСЛИНКА
МАСЛИНКИ
За поголемо производство- Одличен квалитет - долговечност

Маслинката успева задоволнително на разновидни почви, со исклучок на многу кисели почви.Одлично се прилагодува на почви на повисоки предели со  ниска плодност, само потребно е, правилно ѓубрење. Реагира одлично на  ѓубрење со азот, посебно кај почви со средна плодност.Азотот влијае позитивно, колку врз  растот, толку и врз плодот. Индиректно може да го намали и феноменот на неплодна година. Потребите од зголемени количини на азот, се појавуваат во два периода: Од почетокот на  растот до заврзување на плодот (март -  мај) и во периодот на стврднување на костилката на плодот, (јули – август).

Недостатокот на азот предизвикува мал раст и намалување на производството.Во спротивно, преголема количина на азот, може да предизвика слаба отпорност на мраз и болести.Маслинките имаат голема потреба од калиум, посебно во годините со поголема продуктивност. Доволна количина на калиум, дава поголемо производство и дрвото станува повеќе отпорно на болестите, на мразот и на сушата.Од микрохранливите елементи посебно значење за прехранување на маслинките има борот. Недостаток на бор може да се појави кај разни почви, како на пример на малку песочни, кисели, калциеви, а најчесто се појавува кај младите дрва.


Потреби од хранливи состојки за маслинката ( по дрво)
АЗОТ (Ν) ФОСФОР(Ρ2Ο5) КАЛИУМ (Κ2Ο) БОР (Β)
1 - 1,5 килограми 0,2 - 0,4 килограми 1 - 1,5 килограми 45 - 75 фрамови


Предлози за ѓубрење

Το Ѓубривото треба да се нафрлува на површината на почвата покриена со сенка на дрвото.Маслинката реагира одлично на ѓубрење со азот и покрај спротивните мислења, изгледа дека за големо производство и одличен квалитет, на маслинката и треба редовно ѓубрење со калиум, посебно после годините на голема плодност. За превенција и лекување, поради недостаток на бор, се предлага главно ѓубрење со бор, или во комбинација со прскање. Изборот на соодветниот тип на основното ѓубриво, зависи од потребниот сооднос помеѓу хранливите состојки. Дозирањето зависи од возраста, хранливата состојба и продуктивноста на дрвата. Драгоцени советници на ѓубрењето, е анализата на почвата и на лисијата.


ОСНОВНО  ЃУБРЕЊЕ
Тип на ѓубривото Дозирање (кг/дрво) Забелешки
МАГНИВОР (20-5-10-(8)+2MgO+0,5B) 3-5 Каде има релативно доволен фосфор и калиум
ПОЛИВОР (12-12-18-(12)+0,5Β+микр.хран.елем.) 3-5 Каде има потреба од  големо збогатување со  калиум,бор и микрохранливи елементи
ФИЛОВОР (20-6-12-(7)+0,5Β+ микр.хр.елем.) 3-5 За поголемо присуство на азот, бор и микрохранливи елементи
ОРГАНОФЕРТ- 12 (12-12-12-(15)+10% - органска мат.) 4-6 За рамномерно ѓубрење  Ν/Ρ2Ο5/Κ2Ο= 1/1/1  со подобрена асимилација на хранливите материи и задржување на органската материја на почвата.
ОРГАНОФЕРТ-ΟΡΓΑΝΟΦΕΡΤ 8 (8-10-14-(11)+15% (органска материја) 4-6 Појачан извор на калиум.Останатите својства се исти како претходните, но со подобрувачко влијание врз органската материја на почвата.
11-15-15-(14) 3-5 Традиционално ѓубрење со можна појава на недостаток  на борот.
ОЛИФЕРТ (19-6-15-(4)+2MgO+0,5B) 3-5 За  високо збогатување со азот, калиум, магнезиум и бор.Се препорачува за рамни површини (полиња) и за плантажи со маслинки со висок продуктивен потенцијал.
21-7-14-(6)+0,5MgO+0,3B 3-5 За високо збогатување со азот, калиум, магнезиум и бор. Се препорачува за рамни површини (полиња) и за плантажи со маслинки со висок продуктивен потенцијал.
ПОВРШИНСКО ЃУБРЕЊЕ
НИТРОКАН  ЕКСТРА  Mg     (27-0-0+4MgO+0,2B) 1-2 Богат извор, брза асимилација на азотен нитрат  и магнезиум.
-ФЕРТАМОН 25 (25-0-0-(16)) 1-2 Избор на азотен амониум нитрат
СУЛФУРЕН АМОНИУМ       (21-0-0-(24)) 1-2 Избор на азотен амониум го подобрува апсорбирањето на микрохранливи состојки.

Предлагаме ѓубрење кое ќе  ги задоволува потребите на дрвата, со цел поголемо производство со одличен квалитет.