Ѓубрење по Култури - КОМПИР
КОМПИР
Поголемо производство по декар и добар квалитет

За да се постигне големо производство, за компирот е многу важно ѓубрењето да се применува низ периодот на одгледувањето.Развојот на корениот систем на компирот е ограничен и потребна му е ниска температура, посебно во првите стадиуми на одгледувањето.Значи му требаат премногу хранливи материи, за да се задоволат, под такви услови, потребите за прехранување на растението.Така се објаснува и фактот дека, за да биде задоволнително производството на компир, потребно е интезивно ѓубрење, дури и кога анализата на почвата покажува вишок на хранливите материи. Кај киселите почви со pΗ до (5,5) каде компирот се прилагодува одлично, потребно е и додавање на магнезиум, но кај многу кисели почви со pΗ (4,0-5,5), често се појавува токсичност на магнезиум.Преголемата токсичност на почвата се поправа со додавање на калциум. Кај сличните случаеви, како и кај органски почви не е ретка појавата на недостаток на бор и во тој случај потребно е соодветно ѓубрење. Потребите за ѓубрење кои треба да се движат на средно ниво, за производство на 3-4 тона компир, се следните :


Потреба од хранливи состојки за компирот (Кг/декар)
АЗОТ (Ν)ФОСФОР (Ρ2O5)КАЛИУМ (Κ2Ο)МАГНЕЗИУМ (MgO)
16-2412-1624-304-6

Многу е важно влијанието на азотот, кој го забрзува развојот на лисјата и резултира со големо производство во ран период. Во спротивно, преголемо ѓубрење со азот го забавува зреењето на компирот, ја намалува тежината и го зголемува процентот на компирот кој не е погоден за продажба. Фосфорот го забрзува зреењето, а калиумот има благотворно влијание врз квалитетот на производот.


Предлози за ѓубрење

Поголемиот дел од азот, заедно со фосфор, калиум и магнезиум како и микрохранливите елементи треба да се додаваат на основното ѓубрење. Дополнителното ѓубрење со азот треба да се дава дел по дел, со цел да се задоволуваат постојаните потреби на растенијето.Одлични резултати на одгледувањето на компир дава зрнестото ѓубриво сулфурен амониум, без да ја предизвикува негативната за одгледувањето, болеста пламеница, што ја предизвикува кристалниот сулфурен амониум.



Основно ѓубрење
Тип на ѓубривоДозирање(Кг/декар)
КОМПЛИФЕРТ (10-10-20-(15)+4MgO+микрохран.елем.)120-150
БЛЕСТАР (12-12-17-(13)+2MgO+микрохран.елем.)100-130
МАГНИФЕРТ (14-7-14-(12,5)+5MgO+микрохран.елем.)80-120
ПОЛИБОР (12-12-18-(12)+0,5Β+микрохран.елем.)100-130
ОРГАНОФЕРТ 12 (12-12-12-(15)+10% Органска мат.)100-130
ОРГАНОФЕРТ 8 (8-10-14-(11)+15% Органска мат.) 100-130
11-15-15-(14) 120-150
Сулфурен амониум фосфат (16-20-0-(13)) 60-80
МАСТЕРКАЛИ (0-0-30+10MgO+18S) 50-60
Површинско ѓубриво
ТРИОГРАН ЕКСТРА (20,5-0-0-(18))30-50
АМОНИУМ НИТРАТ (33,5-0-0) 15-30
АМОНИУМ НИТРАТ (34,5-0-0+ 0,5MgO) 15-30
КАЛЦИУМ АМОНИУМ НИТРАТ (26-0-0)25-40
НИТРОКАН (27-0-0+4MgO+0,2B)25-40

Предлагаме ѓубриво што дава големо производство по декар со одлични квалитативни карактеристики на производот.